МАКЕДОНИЈА

Од денес ЕВН мора да фактурира само според реално измерена потрошувачка на струја

29 мај 2025

• од Вардарски

Со влегувањето во сила на новиот Закон за енергетика на 29 мај 2025 година, снабдувачот со електрична енергија, ЕВН, повеќе нема законска можност да издава паушални фактури за потрошена струја, освен во исклучителни случаи на техничка неисправност на мерниот уред. Оваа обврска произлегува директно од член 185 од новиот закон, кој јасно утврдува дека мерењето и фактурирањето мора да се базираат на реални и проверливи податоци од мерен уред.

Организацијата Инжинери на Македонија (ИНРМ) денеска објави дека веќе поднела претставка до Регулаторната комисија за енергетика, со која бара итна реакција поради континуираната примена на членот 31 од Правилата за снабдување, кој сè уште дозволува паушално фактурирање. Според ИНРМ, овој член е во директна спротивност со новиот закон и неговата понатамошна примена претставува кршење на уставно загарантираните права на потрошувачите.

Клучни барања до Регулаторната комисија:

  1. Итно укинување на член 31 од Правилата за снабдување.
  2. Спроведување вонреден надзор над ЕВН за утврдување евентуално незаконско фактурирање.
  3. Јавен повик до граѓаните да пријавуваат фактури што не се базираат на реална потрошувачка.
  4. Повикување на ЕВН на јавна одговорност поради систематско непочитување на законските обврски.

ИНРМ бара и крај на процесот за измена на Правилата за снабдување, започнат на 20 март 2025 година, со донесување на формална одлука за бришење на спорниот член.

Законски основи и правни импликации

Новите законски одредби, особено членовите 167, 185 и 189 од Законот за енергетика, дефинираат дека мерењето мора да биде технички процес врз основа на стандарден, исправен мерен уред, а не врз претпоставки. Паушално фактурирање без постоење на технички дефект веќе не е дозволено. Доколку мерењето не е можно поради оправдани технички причини, тоа мора да биде јасно документирано.

Континуираната примена на член 31 од подзаконски акт, кој дозволува проценки дури и кога мерниот уред е исправен, не само што е во спротивност со законот, туку претставува и директно кршење на член 51 од Уставот, според кој сите прописи мора да бидат во согласност со законите.

Последици и можни санкции

ИНРМ укажува дека ваквата практика претставува и повреда на договорните обврски на ЕВН Австрија, кои беа преземени во 2006 година со купопродажбата на 90% од акциите на ЕСМ. Согласно договорот, ЕВН е должна да обезбеди точна, квалитетна и транспарентна услуга, што, според ИНРМ, не се исполнува.

Доколку Регулаторната комисија утврди суштинска и континуирана повреда на овие обврски, ИНРМ бара иницирање постапка за раскинување на договорот со ЕВН Австрија.

Повик до граѓаните и заштита на потрошувачите

Според Законот за заштита на потрошувачите, секоја фактура мора да биде точна, мерлива и проверлива. Паушалното фактурирање без реални податоци ги крши и овие одредби, како и уставниот принцип за заштита на потрошувачите и забрана на монополско однесување (член 55 од Уставот).

Поради сето наведено, ИНРМ апелира до Регулаторната комисија веднаш да преземе регулаторни и надзорни мерки, со цел заштита на граѓаните и почитување на владеењето на правото. Оваа иницијатива има за цел да стави крај на практики што го нарушуваат јавниот интерес, правната сигурност и довербата во институциите.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

© 2025. Сите права запазени