14 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Основното јавно обвинителство поднесе обвинение за сурово насилство и поттикнување на самоубиство против сопругот на младата жена која на 2 март скокна од балконот на својот стан во скопската населба Карпош, заедно со својата малолетна ќерка.
Обвинителството предложи продолжување на мерката притвор за осомничениот, поради опасност од бегство и можност да продолжи со вршење насилни кривични дела.
Според наводите на обвинителството, на критичниот ден – 2 март, на неколку локации во Скопје, осомничениот физички ја нападнал својата сопруга и ѝ нанел телесни повреди. Тој ја удирал со шлаканици и тупаници, при што во еден момент таа ја изгубила свеста.
Истиот ден, на паркингот зад Основниот кривичен суд во Скопје, обвинетиот ѝ упатил и сериозни закани по живот.
Од обвинителството посочуваат дека ваквото насилство ја довело жената во тешка психолошка состојба – страв, безнадежност и чувство на беспомошност, поради што таа не била во состојба разумно да ги контролира своите постапки. Во таква состојба, таа извршила самоубиство фрлајќи се од балконот на својот стан на шестиот кат заедно со својата ќерка.
Надлежните наведуваат дека обвинетиот подолг временски период се однесувал сурово и нечовечно кон сопругата, која била во фактичка и егзистенцијална зависност од него.
Според обвинението, во ноември 2022 година обвинетиот ја убедил покојната Ивана Јовановска преку договор за подарок да му го префрли својот дел од станот во кој живееле заедно со нивната малолетна ќерка, со договор таа и детето и понатаму да живеат таму.
Но, откако ја стекнал сопственоста, тој започнал психичко и физичко малтретирање, а во текот на 2025 година насилството ескалирало во суров и нечовечен третман.
Обвинителството наведува и дека обвинетиот често ја тепал и понижувал сопругата во нивниот дом пред нивната малолетна ќерка, на јавни места и пред други сведоци, заканувајќи ѝ се дека ќе ја избрка од домот и дека ќе ѝ го одземе детето.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

