21 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Основното јавно обвинителство Скопје покрена истрага против 54-годишен маж, кој се сомничи за сторување кривично дело телесна повреда согласно член 130 став 2 од Кривичниот законик. Настанот се случил на 20 јуни во семејниот дом на улицата „Бутелска“ во Скопје.
Според обвинителството, осомничениот во алкохолизирана состојба најпрвин вербално ја навредувал својата сопруга, а потоа ја нападнал и физички, удирајќи ја со чадор по телото и главата. Жената претрпела повеќе повреди, почнала да крвари и да губи свест, по што со напор успеала да излезе во дворот и да повика помош.
Имајќи ги предвид сериозноста на делото и околностите под кои е извршено, јавниот обвинител поднесе предлог до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје за определување мерка притвор за осомничениот. Судот треба да одлучи по предлогот на обвинителството.