МАКЕДОНИЈА

ОЈО бара одземање на пасошот на Зоран Д., осомничен за прикривање на пиштолот во убиствата на Вања и Панче

21 јуни 2025

• од Станча Јаќимовски

Основното јавно обвинителство Скопје побара од Основниот кривичен суд да му одземе пасошот на Зоран Д., кој е осомничен дека им помогнал на извршителите на двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски преку прикривање на оружјето со кое биле извршени убиствата.

Истражните дејствија беа преземени веднаш по сведочењето на еден од обвинетите на вчерашното рочиште за бруталното убиство што ја потресе јавноста. Според исказот, Зоран Д., по наводна наредба од првообвинетиот, зел син ранец со огнено оружје – пиштол, од просториите на политичката партија „Десна“ и го отстранил од таму. Пиштолот се сомничи дека бил користен при извршувањето на убиствата. Со тоа, според обвинителството, тој директно помогнал во обидот да се сокријат траги од кривичното дело.

Јавниот обвинител побара определување на мерки на претпазливост – одземање на пасошот, забрана за издавање нова патна исправа, како и обврска осомничениот да се јавува повремено кај службено лице во судот, со цел обезбедување на неговото присуство во текот на постапката.

Претходно беа извршени и претреси на две локации, со судски налог, како дел од тековната истрага која се води како посебен предмет, одвоена од главната постапка за грабнувањата и убиствата, која е во завршна фаза. Обвинителството нагласува дека оваа истрага не ја попречува главната судска постапка, во која веќе е презентиран обемен број на докази.

Зоран Д., инаку вработен како техничко лице во Народната банка на Република Северна Македонија, е сопруг на судијка од Основниот кривичен суд Скопје, што дополнително ја привлекува јавната заинтересираност за случајот.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

© 2025. Сите права запазени