МАКЕДОНИЈА

Ново Лисиче секоја вечер во отровен смог – институциите слепи и глуви!

24 јуни 2025

• од Станча Јаќимовски

Последните неколку вечери, во скопската населба Ново Лисиче не може да се дише. Мирисот на изгорена гума и пластика го исполнува воздухот веднаш по зајдисонце. Чадот не се гледа, но се чувствува – на грло, на кожа, во секој здив. Жителите се принудени да ги затвораат прозорците, да вклучуваат прочистувачи на воздух, и да живеат под клуч, додека надвор времето е идеално за летни вечери.

И додека револтот меѓу граѓаните расте, институциите – молчат. Се префрла одговорноста од една до друга врата. Секој е ненадлежен. Секој само упатува „де таму јави се, де овде пиши“. А воздухот – останува отровен.

„Само што се јавив на 112, ми рекоа да се обратиме на општината. Ќе напишам утре мејл, ова е неподносливо секоја вечер. Неверојатно е колку се неспособни!“, напиша синоќа една жителка на Ново Лисиче на социјалните мрежи.

Слични реакции доаѓаат секоја вечер:

„Милион пати пријавувано. Во Државниот инспекторат, во медиуми, по портали, на сите страни. Ништо. Ни лоцираат, ни казнуваат. Ама затоа ние се труеме!“

„Ова е урбана мафија. Не е случајно, не е од еден двор или една куќа. Ова е организирано палење. Ама никој не го интересира. Главоболки, болки во грло, мака – и така секоја вечер!“

„Дури не се блокира раскрсницата кај Авионче едно недела дена, нема да се мрдне со прст.“

Преку ден, честопати може да се види чад кој се издигнува од Вардариште – запуштена депонија на ничија територија. Често доаѓа пожарна, го гаси пожарот, проблемот се „решава“ до следната вечер. Но навечер, кога е темно и инспекциските служби не излегуваат на терен, сè повторно почнува – истата приказна, истиот отров.

Скршени компаси – сите одговорни, никој виновен

Општина Аеродром објаснува дека Вардариште не е на нејзина територија – и тука е точно. Депонијата формално припаѓа на Гази Баба. Но труењето го носи ветрот – и завршува во Ново Лисиче, Аеродром, и пошироко. Скопје не може да се подели на граници кога се работи за воздухот што сите го дишеме.

Па зошто тогаш нема заедничка акција? Зошто градоначалниците на Аеродром и Гази Баба не седнат на иста маса, со претставници од Град Скопје, со Министерството за животна средина, со инспекторати и пожарна, и конечно да се најде решение?

Скопје не смее да дозволи неформални депонии да палат што сакаат, кога сакаат. Не смее да дозволи цела населба да страда, а одговорните да креваат раменици.

Летото е тука, изборите доаѓаат – прашањата остануваат

Жителите на Ново Лисиче веќе се прашуваат: зошто би гласале за некој што не ги слуша? Зошто би му дале мандат на градоначалник што не го решава проблемот со години?

Без акција, без план, без присуство на терен – довербата се губи. И воздухот останува отровен. А додека институциите си ја префрлаат топката, граѓаните секоја вечер си ги затвораат прозорците и молат барем еднаш да почувствуваат чист ноќен воздух.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

GoFundMe icon

© 2025. Сите права запазени