09 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Истрагата за катастрофалниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“, во кој животот го загубија 62 лица, а над 200 беа повредени, се проширува со нови наоди и осомничени.
Основното јавно обвинителство отвори постапка против уште едно лице – реален сопственик на агенцијата за обезбедување која делувала во дискотеката без соодветна документација и без почитување на безбедносни протоколи. Според обвинителството, осомничениот ја раководел агенцијата од Скопје и, заедно со управителот и овластениот претставник од Кочани, обезбедувале ред и сигурност во објектот без правен основ.
Обвинителството утврдува дека обезбедувањето било спроведено без извршена безбедносна проценка, без план за евакуација и без проверка на ризик од пожари – што е директно спротивно на Законот за приватно обезбедување. Дополнително, екипата на обезбедување дозволила влез на малолетни лица и не реагирала на внесување и користење пиротехнички средства од страна на музичката група, што, според првичните наоди од истрагата, довело до пожарот и трагичната загуба на животи.
По судска наредба, извршени се претреси на две локации – во Скопје и Пробиштип, како и на возилото на осомничениот. Притоа се одземени документи и електронски уреди кои ќе бидат предмет на натамошна анализа.
Осомничениот е лишен од слобода, а обвинителството најави дека денеска ќе поднесе барање до Основниот кривичен суд во Кочани за определување мерка притвор.
Истрагата продолжува со цел целосно расветлување на сите околности поврзани со трагедијата што ја потресе македонската јавност.