19 февруари 2026
• од Станча Јаќимовски
Во гостување во подкастот „Коридор 8“, Никица Корубин упати критика до официјални политички претставници поради употребата на термино
т „малцинства“ кога се зборува и за Бугарите и за Албанците во земјата. Според неа, ваквата терминологија не е случајна, туку претставува свесен обид за понижување.
„Официјални политички лица употребуваа термин малцинства и во однос на Бугарите и во однос на Албанците. Тоа е исклучиво со намера да се понижат тие луѓе“, истакна Корубин.
Корубин потсети дека во Уставот не постои категоријата „малцинство“, туку формулацијата „делови од народ“. Таа нагласи дека ваквата одредба е јасно утврдена во преамбулата, која ги вклучува заедниците што учествувале во формирањето на државата.
„Нема малцинство, има делови од народ. Така е формулиран нашиот Устав и преамбулата“, рече таа, додавајќи дека преамбулата ги опфаќа оние делови од народ, покрај македонскиот, кои учествувале во АСНОМ и во создавањето на АСНОМска Македонија.
АСНОМ, одржан во 1944 година, претставува темел на современата македонска државност. Според Корубин, токму учеството во овој историски процес е клучно за разбирањето на уставната формулација во преамбулата.
Говорејќи за актуелните политички дебати, Корубин оцени дека отпорот кон вклучувањето на Бугарите во Уставот произлегува од перцепцијата дека со тоа ќе се потврди нивното рамноправно учество во историското формирање на државата.
„Свеста на луѓето е дека ако ние ги ставиме Бугарите во Уставот, односно во преамбулата, ќе потврдиме дека АСНОМска Македонија подеднакво ја формирале и Бугарите како што ја формирале и другите. И мислам дека тоа е суштината на проблемот или противењето на определени кругови зошто Бугарите не треба да влезат во Уставот“, посочи таа.
Нејзината изјава ја отвора пошироката дебата за политичкиот речник, историското наследство и уставната рамка, во контекст на чувствителните прашања за идентитетот и колективните права во државата
СДСМ: Сиљановска бара поголем владин авион додека платите остануваат ниски
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

