07 февруари 2026
• од Станча Јаќимовски
Изминаа два дена од почетокот на обемна истрага поврзана со нелегално производство и трговија со марихуана под превезот на медицински цели, но надлежните институции и натаму не изнесуваат официјални информации за акцијата. Во фокусот на истрагата е скопската компанија Алфафарм, а јавноста засега дознава детали исклучиво преку неофицијални извори.
Косопственикот на фирмата, Иван Драгниќ, е уапсен во Србија, под сомнение за вмешаност во шверц на пет тони марихуана. Дрогата била откриена во фабричка хала во село во близина на Крушевац, што дополнително ја прошири истрагата и надвор од границите на земјата.
Од МВР велат дека акцијата сè уште е во тек и дека поради тоа не можат да споделат дополнителни информации. „По целосно завршување на акцијата, соодветно ќе биде информирана јавноста“, одговорија од Министерството на повеќекратните новинарски прашања.
Во меѓувреме, телевизијата Телма, повикувајќи се на извори од истрагата, објави дека досега се запленети околу 40 тони марихуана. Според овие информации, приближно 10 тони биле пронајдени на локации во Скопско, додека околу 30 тони биле откриени во Струмичко. Во последните 24 часа, наводно биле пронајдени и нови количини кои биле подготвени за шверц.
Изворите наведуваат дека начинот на производство, складирање и чување на марихуаната јасно укажува дека таа не била наменета за медицински цели, туку за нелегална улична продажба.
Истрагата ја води Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, од каде се очекува во наредниот период да дадат одговори за тоа кои лица и структури биле вмешани во овој шверц од големи размери, како и за можната институционална одговорност.
Возачите на ЈСП ќе ги плаќаат казните од свој џеб за сообраќајни прекршоци
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

