16 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Инженерската заедница на Република Северна Македонија алармира за сериозен институционален вакуум во контролата врз електронските броила што ги користат домаќинствата и стопанството. Според соопштението на „Инженери на РСМ“, ниту една државна институција нема увид или пристап до софтверските конфигурации на броилата, кои директно влијаат врз мерењето и наплатата на електричната енергија.
Приватниот оператор ЕВН истовремено ги извршува трите клучни улоги во системот: тој е оператор на дистрибутивната мрежа, инсталер на броилата и нивен верификатор преку сопствено акредитирано тело. Според инженерите, ваквата концентрација на функции, без државна контрола, претставува сериозен ризик за транспарентноста и точноста на пресметката на потрошувачката.
Министерката за енергетика Сања Божиновска уште во февруари 2025 година најави итно активирање на лабораториската опрема за тестирање на броила во Бирото за метрологија. Таа тогаш изјави дека „ерата на неточни броила заминува во историја“. Но, и покрај поминати четири месеци од оваа најава, опремата останува нефункционална.
Дури по иницијатива на инженерите, кои на 4 јуни испратија Барање за информации од јавен карактер до Бирото, на 13 јуни беше добиен одговор кој ја потврдува нефункционалноста на опремата. Граѓаните сè уште немаат можност да побараат независна проверка на сопствените броила, а Бирото не води никаква евиденција за моделите, техничките параметри или евентуалните поплаки.
Интересно е што јавната набавка за инсталација и обука за високо прецизниот тест-систем ZERA MT310-5 била објавена на 12 јуни – веднаш по реакцијата на инженерите. Ова е првиот институционален потег откако министерката го даде своето јавно ветување. Според „Инженери на РСМ“, ова укажува дека реформите започнуваат не од државна иницијатива, туку исклучиво под притисок од јавноста.
Клучната загриженост е околу можноста за манипулација со софтверските параметри на броилата, особено кај моделот Iskraemeco MT174, кој е најчесто инсталиран. Овие броила овозможуваат промена на параметри како множител, тарифен профил и фазност – елементи што директно влијаат врз сметките на потрошувачите.
Иако акредитираната лабораторија на ЕВН е формално сертифицирана за техничка и физичка верификација, сертификатот не вклучува никаков увид или контрола врз конфигурациските параметри. Ниту една државна институција, вклучително и Бирото за метрологија, нема пристап до логовите за конфигурациски промени.
Поради тоа, „Инженери на РСМ“ поднеле и барање до ЕВН со цел да добијат информации за техничките можности на конфигурација на броилата и дали тие логови се достапни за надзор. Според нив, не се прашува дали има злоупотреба, туку дали постои потенцијал за злоупотреба – и кој го контролира.
Сегашниот модел, каде што ЕВН има монопол врз мерењето и проверката, без независен државен надзор, создава висок ризик за манипулација и ја нарушува довербата на потрошувачите. Според инженерите, потребно е:
„Секој потрошувач заслужува точно броило и право на проверка на неговата точност. Без тоа, системот останува технички непрозрачен, а ветувањата за реформи – неисполнети,“ се вели во соопштението на „Инженери на РСМ“.