06 март 2026
• од Вардарски
Полицијата во Скопје уапси 25-годишен маж осомничен за сериозни кривични дела против 22-годишна девојка, која според пријавата била физички нападната, силувана и задржана против своја волја.
Од Министерството за внатрешни работи информираа дека на 5 март 2026 година околу 16:55 часот, на подрачјето на општина Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Е.А. (25) од скопско. Апсењето следувало по претходна пријава дека на 23 февруари во неговиот дом физички нападнал 22-годишна жена со која претходно се запознале.
Според информациите од полицијата, девојката пристигнала од Германија, а осомничениот во неговиот дом извршил обљуба врз неа. Дополнително, тој ѝ упатувал закани и не ѝ дозволувал да го напушти домот сама, при што ѝ го одзел и мобилниот телефон.
Жената, како што се наведува, успеала пред два дена да воспостави телефонски контакт со нејзината мајка, која веднаш ја известила полицијата. По добиената информација, полициски службеници пристигнале на посочената адреса и по направена проценка на ризик презеле соодветни мерки.
За случајот е известен и јавен обвинител. Од надлежните институции најавуваат дека по целосно документирање на настанот против осомничениот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по брза постапка.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

