23 март 2026
• од Тодор Вангелов
Во текот на изминатиот продолжен викенд (20, 21 и 22 март 2026 година), полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи спроведоа засилени и редовни контроли во сообраќајот на патиштата низ целата држава. Како резултат на овие активности, беа издадени вкупно 1.699 платни налози за сторени сообраќајни прекршоци.
Од вкупниот број санкции, дури 476 се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење, што повторно ја потврдува прекумерната брзина како една од главните причини за загрозување на безбедноста во сообраќајот.
Покрај тоа, 60 лица биле лишени од слобода поради несовесно управување со моторно возило. Од нив, 11 управувале под дејство на алкохол, 17 возеле без возачка дозвола, шест управувале возило и покрај претходно изречена забрана, додека едно лице било фатено како вози во спротивна насока. Во истиот период, согласно член 300-б од Кривичниот законик, биле одземени 20 возила.
Според статистичките податоци на полицијата, регистрирани се и 198 прекршоци за непрописно паркирање, како и 35 санкции за возење под дејство на алкохол. Во согласност со Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, санкционирани се 10 возачи на мотоцикли поради неносење заштитна кацига, како и 10 пешаци.
Дополнително, 193 учесници во сообраќајот биле казнети поради некористење на сигурносен појас. Во рамки на контролите, од сообраќај биле исклучени 29 возила поради нерегистрираност, како и 12 возила поради техничка неисправност. Исто така, девет возачи добиле санкции поради непочитување на прописите поврзани со затемнување на стаклата на возилата.
Од Министерството за внатрешни работи апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите, со цел зголемување на безбедноста и намалување на ризиците од сообраќајни незгоди.
ДУИ: Албанците се изоставени од унапредувањата, институциите да дадат одговори
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

