МАКЕДОНИЈА

Над 16.000 слободни места во средните училишта — аларм за уписниот систем

27 јуни 2025

• од Станча Јаќимовски

Полуматурантите кои не успеаја да се запишат во првиот рок во јуни ќе имаат нова можност да аплицираат за упис во средно образование за учебната 2025/2026 година на второто електронско пријавување, кое ќе се одржи во понеделник, на 30 јуни.

Учениците ќе треба да ја достават потребната документација до училиштата наредниот ден, на 1 јули, а ранг-листите со запишаните кандидати ќе бидат објавени до пладне на 2 јули.

Според податоците од Министерството за образование и наука, за вториот уписен рок се слободни 16.034 места. Од нив, 10.758 се за настава на македонски јазик, 4.781 на албански, 474 на турски и 21 место на српски наставен јазик.

За гимназиско образование има расположливи 3.727 места, додека за стручно образование се слободни дури 12.307 места.

Во првиот уписен рок, кој се одржа од 14 до 17 јуни, биле запишани вкупно 13.712 ученици од 16.601 пријавени. Од нив, 10.172 се запишале на македонски наставен јазик, 3.248 на албански, 279 на турски и 13 на српски наставен јазик.

Особено е забележлив интересот за стручните училишта, каде се запишале 9.469 ученици, што е повеќе од двојно во споредба со гимназиите, каде што се запишале 4.243 ученици.

Уписите веќе се завршени во гимназиите „Јосип Броз Тито“ во Битола и „Никола Карев“ во Скопје. Во неколку училишта е спроведено и квалификациско тестирање поради еднаков број бодови кај повеќе пријавени ученици, како во СУГС „Д-р Панче Караѓозов“ во Скопје за профилите медицинска сестра и забен техничар на албански наставен јазик, во СОМУ „Гостивар“ во Гостивар за медицинска сестра на албански јазик, како и во гимназијата „Георги Димитров“ во Скопје на македонски наставен јазик.

Доколку се јави потреба, квалификациско тестирање ќе се одржи и на 4 јули, а конечните ранг-листи ќе бидат објавени истиот ден.

За учениците кои нема да успеат да се запишат во овој рок, следната можност ќе биде августовскиот уписен рок, кој ќе се спроведе во училиштата каде ќе има останати слободни места.

Пријавувањето тогаш ќе се реализира електронски на 21 август, со доставување на документацијата истиот ден, а резултатите ќе бидат објавени на 22 август.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

GoFundMe icon

© 2025. Сите права запазени