19 јули 2025
• од Станча Јаќимовски
Министерството за внатрешни работи (МВР) привело погрешен човек во врска со нападот врз градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, кој се случи на 11 јули во скопската општина Чаир. Обвинителството утврдило дека второпријавениот не бил сторител на делото и донело одлука за негово ослободување и укинување на сите мерки на претпазливост.
Имено, покрај лицето С.Љ., кое е обвинето за физички напад врз Арсовска, полицијата привела уште едно лице за кое постоело сомнение дека вербално ѝ се заканувало и ја навредувало градоначалничката. Сепак, по спроведено препознавање, соочување и анализа на доказите и исказите на сведоците, било утврдено дека второпријавениот не е препознаен како напаѓач. Оттаму, Обвинителството донело решение за отфрлање на кривичната пријава против него, поради недостиг на материјални и вербални докази.
Од Основното јавно обвинителство Скопје информираат дека против лицето С.Љ. е поднесен обвинителен предлог за кривично дело „Насилство“ по член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Според обвинението, тој ѝ нанел телесни повреди на градоначалничката, удирајќи ја по лицето, раката и потколеницата, и дополнително ѝ упатувал закани.
Настанот се случил додека Арсовска, заедно со службени лица, извршувала увид на терен по пријава за бесправна градба и неовластено приклучување на инфраструктура. Обвинетиот пристигнал со електричен тротинет, се приближил заканувачки и започнал со физички напад. Полицијата реагирала веднаш, но напаѓачот продолжил со вербални навреди и закани.
Обвинителството поднесе и предлог за продолжување на мерката притвор за С.Љ., со образложение дека постои опасност од бегство или повторување на делото.
Извор: Слободен Печат
ВЛЕН: Ќе бидеме глас на еднаквоста за сите институции на албанското наследство
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден
ВЛЕН: Ќе бидеме глас на еднаквоста за сите институции на албанското наследство
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден
ВЛЕН: Ќе бидеме глас на еднаквоста за сите институции на албанското наследство
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден
ВЛЕН: Ќе бидеме глас на еднаквоста за сите институции на албанското наследство
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден
ВЛЕН: Ќе бидеме глас на еднаквоста за сите институции на албанското наследство