01 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Тимчо Муцунски, попладнево оствари телефонски разговор со заменик-премиерот и министер за надворешни работи на Обединети Арапски Емирати, шеикот Абдула бин Зајед Ал Нахјан, во контекст на актуелните безбедносни случувања на Блискиот Исток.
Во разговорот, Муцунски изразил цврста солидарност и целосна поддршка кон Обединетите Арапски Емирати, упатувајќи најдлабоко сочувство до семејствата на жртвите од неодамнешните напади. Тој остро ги осудил нападите извршени од Иран врз територијата на ОАЕ, оценувајќи ги како сериозна повреда на фундаменталните принципи на меѓународното право.
Според Муцунски, почитувањето на државниот суверенитет и територијалниот интегритет претставува темел на меѓународниот поредок заснован на правила. Секое еднострано дејствување што го нарушува овој принцип, посочи тој, не само што ја загрозува безбедноста на засегнатите држави, туку создава ризик од поширока регионална дестабилизација.
Министерот нагласил дека Република Северна Македонија, како земја што својата надворешна политика ја темели врз принципиелност, сојузништво и почитување на меѓународното право, останува доследна во поддршката на партнерите со кои дели исти вредности. Во услови на зголемени регионални тензии, тој повикал на воздржаност, одговорност и засилен дипломатски ангажман со цел спречување понатамошна ескалација.
„Стабилноста и мирот во регионот мора да бидат врвен приоритет. Единствено преку дијалог, почитување на меѓународните норми и координирана меѓународна акција може да се избегнат дополнителни безбедносни ризици“, истакнал Муцунски во разговорот.
Од Министерството за надворешни работи информираат дека комуникацијата меѓу двете земји ќе продолжи и во наредниот период, со цел размена на информации и координација во рамки на пошироките меѓународни напори за зачувување на регионалната стабилност.
ИДФ: Елиминирани лидери на „иранската терористичка оска“ во ескалација на конфликтот
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

