20 февруари 2026
• од Станча Јаќимовски
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцински, денеска оствари телефонски разговор со новоименуваната министерка за надворешни работи на Бугарија, Надежда Нејнски.
Во објава на социјалните мрежи, Муцински информираше дека ѝ упатил искрени честитки на бугарската колешка по повод нејзиното именување, посакувајќи ѝ успех во претстојниот мандат.
Тој нагласил дека односите меѓу двете соседни земји треба да се водат од принципите на добрососедство, пријателство и конструктивна соработка. Според него, ваквиот пристап е клучен за стабилни билатерални односи и за унапредување на меѓусебната доверба.
Муцински, исто така, иницирал одржување билатерална средба во блиска иднина, оценувајќи дека таа е неопходен чекор за одржување отворен дијалог и одговорен ангажман меѓу двете страни.
СДСМ: Сиљановска бара поголем владин авион додека платите остануваат ниски
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

