Мојсоска: Се срамам од народ кој повеќе жали за власта отколку за трагедијата
Македонија е повторно завиена во тага, но наместо сочувство и поддршка за семејствата на жртвите, на површина испливаа шокантни информации за притисоци и закани. За време на денешниот протест во Кочани, мајка на едно од загинатите деца откри дека полицијата им испраќала пораки со закани, предупредувајќи ги да молчат и да не истапуваат јавно, со најава дека би можеле да бидат приведени и да одговараат.
„НЕ СЕ ПЛАШИМЕ, немаме што да изгубиме, нека не’ апсат!“ – храбро порачаа погодените мајки, одбивајќи да се покорат пред заканите.
Мојсоска, коментирајќи ја оваа ужасна ситуација, со горчина констатираше дека дел од народот покажува повеќе грижа за рејтингот на власта отколку за вистинската човечка трагедија која ја потресе земјата.
„Како беше: сега не е време за ПРОТЕСТИ, битно се апси?! Гледајте колку е поулавена власта на ДПМНЕ – по никоја цена да не трпи рејтингот, спремни се дури и на скршени мајки да им се закануваат!“ – реагира таа, додавајќи дека институциите наместо да бараат правда, избрале да шиканираат студенти, да демонизираат млади и да водат црни кампањи, со поддршка и од дел од таканаречените „независни“ јавни личности.
Мојсоска заврши со силна и емотивна порака:
„Се срамам од народ кој повеќе се потресе да не падне власта отколку од трагедијата што ја зацрна Македонија!“
Додека македонското општество сè уште бара одговори и правда, останува отворено прашањето: каде е човечноста кога е најпотребна?