20 јули 2025
• од Станча Јаќимовски
Во неодамнешно јавно обраќање, млад српски историчар изнесе свое гледиште за историската улога на Македонија и други региони од Балканот во развојот на српската државност и културно наследство.
Според неговата изјава, „Македонија е местото каде што е крунисан српскиот цар, каде што е зачната српската црква и каде што се поставени темелите на српската државност – на југот на стара Србија“. Историчарот посочи и дека цар Душан е роден во Скадар, денешен град на северот од Албанија.
Во своето излагање, тој ја потенцираше историската важност на Црна Гора и Херцеговина, нарекувајќи ги „легло на јунаци“, како и на Крајината, Босна, Лика, Далмација и други региони кои, според него, имале значајна улога во српската историја.
„Где е српската Крајина што ја чувала Европа со години? Где е Босна, наслеството на кралот Твртко? Где е српското приморје, Лика, Далмација?“ – праша историчарот, осврнувајќи се и на делови од денешна Бугарија, Грција и Романија.
Целото излагање се фокусира на регионалното историско значење за српската културна и политичка традиција, при што историчарот користеше примери од различни географски подрачја кои низ историјата биле поврзани со српскиот народ или државност.
Изјавата е дел од поширока јавна дискусија за историските врски меѓу народите на Балканот и улогата на различни региони во нивната културна и политичка еволуција.
Костова: Народот тоне во сиромаштија, ВМРО-ДПМНЕ со очајни економски резултати