15 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Новиот министер за здравство, Азир Алиу, со јасна визија и амбициозен пристап го започна својот мандат. Во првите денови од функцијата, тој презентираше план заснован на пет клучни столба: отчетност, решавање на проблемите, дигитализација, стратешко и долгорочно планирање, како и професионален развој и зајакнување на човечките ресурси.
Во своето прво обраќање до јавноста, Алиу истакна дека нема намера да се занимава со поединечни медицински интервенции, туку да создаде функционален систем во кој лекарите ќе имаат алатки, услови и отчетност за работа без листи на чекање. „Јас нема да оперирам срце, туку креирам систем за кардиологот да може да прави интервенции во реално време со добри инструменти,“ рече министерот.
Една од првите конкретни мерки на новото раководство е воведување на бесплатни здравствени прегледи за граѓаните постари од 40 години. Во фокусот ќе бидат дијабетесот и високото ниво на крвен притисок – хронични заболувања кои се водечки здравствени ризици кај оваа популација. Прегледите ќе се организираат во неколку фази, а граѓаните ќе добијат покана преку мобилна апликација, што е дел од заложбата за дигитализација на здравствениот систем.
Во првата недела од мандатот, министерот Алиу ја посети и Клиниката за онкологија, каде што состојбата ја оцени како „катастрофална“. Тој истакна дека пациентите болни од рак не добиваат ни минимални достоинствени услови за лекување. Најавена е и реформа на тендерските процедури за набавка на лекови, со цел да се избегне доцнењето кое директно влијае на третманот на пациентите.
Министерот Алиу се сретна со директорите на неколку здравствени установи, но и со лекарскиот тим во Кочани кој се грижи за повредените од неодамнешниот инцидент. Министерството веќе работи на мапирање на објектите кои се во лоша состојба, како и на утврдување на кадровските празнини во јавните здравствени установи.
„Досега се евидентирани 57 клучни проблеми во здравството кои бараат итно решение,“ изјави Алиу, додавајќи дека транспарентноста и професионалноста ќе бидат во центарот на сите идни реформи.
Азир Алиу го наследи Арбен Таравари, кој ја напушти функцијата министер за здравство, се повлече од коалицијата ВЛЕН и премина во опозиција. Сега пред Алиу стои предизвикот да ја врати довербата на граѓаните во здравствениот систем, преку конкретни мерки и одржлива трансформација.
Со најавените политики и активности, министерот Алиу го поставува здравството на нови основи – каде што превенцијата, дигитализацијата и човечките ресурси добиваат клучна улога.