07 април 2026
• од Станча Јаќимовски
Премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, денеска пред медиумите одговори на повеќе актуелни прашања, меѓу кои и вчерашниот студентски протест, Стратешкиот дијалог со САД, како и зголемувањето на цените на нафтените деривати.
Во врска со протестот на студентите, Мицкоски истакна дека Владата активно работи на изнаоѓање решение, но нагласи дека тоа мора да биде во согласност со Уставот и меѓународните стандарди.
„Барањата се една работа, но Уставот и меѓународните стандарди се друга работа и ние мора да постапуваме согласно нив“, изјави премиерот.
Тој посочи дека Законот за јазиците е предмет на разгледување пред Уставен суд на Северна Македонија, нагласувајќи дека прашањето за двојазичноста во правосудството е чувствително и комплексно.
Дополнително, Мицкоски се повика на негативното мислење од Венецијанска комисија во однос на примената на двојазичноста во правосудството. Според него, причината за тоа е недостигот на ресурси и невозможноста целосно да се гарантира остварувањето на правата.
Сепак, премиерот нагласи дека студентите кои студирале на својот мајчин јазик имаат право да бараат полагање на правосудниот испит на истиот јазик.
Во однос на Стратешкиот дијалог со Соединети Американски Држави, Мицкоски истакна дека Северна Македонија е првата европска земја која го потпишала овој вид на соработка.
Тој информираше дека на денешната средба меѓу македонската делегација и американските претставници, главни теми ќе бидат енергетиката и технологијата, оценувајќи дека тие се од клучно значење за развојот на државата.
Во делот на економијата, премиерот се осврна и на кризата со нафтените деривати. Тој истакна дека Владата веќе презела мерки, како намалување на ДДВ и акцизите, со цел да се ублажи ценовниот притисок.
Мицкоски предупреди дека евентуалното понатамошно зголемување на цените на дериватите може да доведе до пораст на инфлацијата, која според проценките би можела да достигне до 4,5 проценти.
Османи: Владата се обидува протестите да ги прикаже како политички мотивирани
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

