09 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека во моментов нема официјална понуда за забрзано проширување на Европската Унија, иако во европските институции се разговара за различни можни сценарија.
Идејата за брзо зачленување на Украина заедно со земјите од Западниот Балкан, но без право на глас и вето во првата фаза, Мицкоски ја обелодени пред околу две недели. Денеска тој посочи дека станува збор за идеја што циркулира „во ходниците на ЕУ“, нагласувајќи дека таа сè уште не е преточена во официјален предлог.
„Дали дел од тие сценарија ќе бидат реализирани и кое сценарио ќе биде реализирано, да почекаме да видиме каков ќе биде исходот од сето тоа. Тоа што се зборува во ходниците, дали прво ќе биде преточено во предлог, а второ дали тој предлог потоа земјите-членки ќе го прифатат. Така што, секоја друга дипломатска или политичка егзибиција, изјава или било каква реторика од страна на владата, во овој момент не само што може да ги наруши нашите позиции, туку и би била неодговорна и кон граѓаните и кон државата“, изјави Мицкоски.
Тој не прецизираше што би било прифатливо за земјата во случај на забрзано проширување, за разлика од некои соседни држави кои веќе јавно се изјасниле дали би прифатиле членство без целосни привилегии. На прашањето дали во Брисел се нудат други сценарија освен претходно споменатото, премиерот кусо одговори: „Официјално – ништо.“
Во меѓувреме, министерот за европски прашања Беким Сали во интервју за емисијата „Топ Тема“ изјави дека државата е отворена за различни модели на членство во Европската Унија.
„Отворени сме за сите форми. Нормално, тоа што треба да го сработиме ние го работиме интензивно, меѓутоа доколку има опција согласни сме да бидеме дел од тие опции. Тоа е тоа што премиерот го кажал – можно е зачленување. Јас ќе потврдам дека можно е во 2027 година да има различен пристап кон зачленување, а крајниот збор го имаат членките на ЕУ“, рече Сали.
Според информации објавени од „Политико“, на вечерата на амбасадорите на земјите-членки на ЕУ и претставници на Европската комисија во Брисел во средата била експресно отфрлена идејата за таканаречено „обратно проширување“. Овој модел подразбира земјите прво да станат членки на Унијата, а потоа постепено да ги добиваат привилегиите и правата како што ќе ги исполнуваат потребните услови.
Амбасадори од четири земји-членки силно се спротивставиле на ова сценарио. Според истиот извор, пред состанокот циркулирале четири различни опции за можен забрзан процес на проширување на Европската Унија.
Денеска 9 март 2026 година се празнува Наоѓањето на главата на Свети Јован Крстител
Саше Политико: УДБА е премногу укопана за Заев да го решeше бугарското прашање
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

