15 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Првиот вицепремиер Изет Меџити на денешната прес-конференција објави дека се затворени 226 интернет-страници кои нуделе нелегални услуги за онлајн коцкање на територијата на Северна Македонија. Со овој потег, според него, е намален бројот на активни онлајн казина за 40 проценти.
„Казиното не е економија, тоа е криминал“, изјави Меџити, нагласувајќи дека од почетокот на новиот владин мандат се укинати неколку концесии поврзани со онлајн коцкање. Тој посочи дека затворањето на овие страници претставува значаен чекор во заштитата на младите генерации од штетното влијание на коцкањето.
Меџити најави дека борбата со нелегалното коцкање ќе продолжи со уште посилен интензитет и дека се подготвува нов Закон за коцкање. Според него, новата регулатива ќе биде „најмалку 50 до 70 проценти поригорозна“ и ќе овозможи затворање на 70 проценти од физичките казина кои се наоѓаат во урбани и рурални средини, поставени од претходната влада.
Покрај тоа, Меџити упати апел до граѓаните да ги пријавуваат страниците и објектите што нудат онлајн или физичко коцкање, со цел институциите да можат да реагираат ефикасно и навремено.
„Соработката со граѓаните е клучна во оваа борба“, порача вицепремиерот, додавајќи дека владата останува посветена на создавање побезбедна и поодговорна средина за сите.