16 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Триесет и седумгодишен жител на Скопје пријавил напад во подземна гаража на подрачјето на скопската општина Центар, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Според пријавата, мажот и неговата сопруга биле пресретнати од четири лица додека се наоѓале во подземна гаража на станбена зграда. Едно од лицата било вооружено со огнено оружје, додека тројца од напаѓачите физички го нападнале мажот.
Од МВР соопштуваат дека настанот се случил на 14 март околу 19:00 часот. Случајот бил пријавен подоцна истата вечер, околу 23:00 часот, од страна на 37-годишниот И.Т.
Надлежните институции информираат дека се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот и утврдување на идентитетот на напаѓачите.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

