17 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Растот на цените на нафтените деривати сè поочигледно се одразува и врз секојдневните трошоци на граѓаните. Во дел од маркетите, цената на маслото за јадење веќе достигнува и до 100 денари, додека поевтините варијанти се продаваат за околу 95 денари.
Освен маслото, граѓаните велат дека е забележано значително поскапување и кај други основни прехранбени производи. Според нив, цените во последниот период пораснале драматично, што директно влијае врз семејниот буџет.
„Забележав големо зголемување. Конзерва со грав и суво месо што беше 111 денари, сега е 195, а на некои места и до 220 денари. Сè е поскапено“, вели еден граѓанин.
Други посочуваат дека растот на платите не го следи растот на цените.
„Сè е поскапено – млеко, сирење, јајца. Зголемувањето од 1000 денари не значи ништо кога трошоците се зголемени за многу повеќе. Реално, сме во загуба“, реагира друг жител.
Граѓаните исто така нагласуваат дека цените варираат од маркет до маркет, што дополнително ја отежнува ситуацијата.
„Не можеме да ги следиме цените, постојано се менуваат – кафето, цигарите и многу други производи имаат различни цени“, велат тие.
Сепак, има и такви кои сметаат дека нема значителни промени.
„Не гледам голема разлика, цените се речиси исти како порано“, вели еден од анкетираните.
Во однос на животниот стандард, дел од граѓаните оценуваат дека за нормален живот се потребни најмалку 50.000 денари месечно.
Инаку, пред два дена Сојузот на синдикати на Македонија организираше протест, откако не беше постигнат договор со Владата за зголемување на платите. Синдикатите порачаа дека нема да се откажат од своите барања и најавија понатамошни активности.
Економистите предупредуваат дека доколку трендот на поскапувања продолжи, притисокот врз животниот стандард на граѓаните ќе се зголемува, а куповната моќ ќе продолжи да опаѓа.
Украден бакарен лим од покривот на црквата „Свети Великомаченик Ѓорѓи“ во Чаир
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

