01 април 2026
• од Станча Јаќимовски
Неколку дена пред 2 март 2026 година, Ивана, според сведочењето на Мартин Саздов, се наоѓала во тешка психичка состојба и постојано барала помош. Таа му испраќала пораки во кои изразувала страв и немоќ да продолжи да живее со својот сопруг Стојанче.
„Мартин, те молам не ме оставај, многу ми е тешко“, му напишала таа вечерта пред настанот, но тој ја видел пораката дури следното утро. Веднаш отишол да ја побара на работа, каде разговарале за можноста да се пресели кај нејзината мајка. Сепак, Ивана одбила, плашејќи се дека ќе остане без дом заедно со својата ќерка Катја.
Ситуацијата брзо ескалирала кога Ивана му се јавила на Мартин, исплашена дека Стојанче се појавил. Според сведочењето, тој започнал физички да ја напаѓа, а Мартин се обидел да ги раздели.
Насилството продолжило и во автомобилот, каде Стојанче ја навредувал и удирал Ивана, дури и пред нивното дете. Таа во еден момент се онесвестила. И покрај повикот до полицијата, реакцијата била ограничена – полицајците им рекле сами да го решат проблемот и ги предупредиле за можни санкции за лажно пријавување.
Во текот на денот, Стојанче продолжил со закани и навреди. Тој изразувал сомнеж дека е „наместен“ и се заканувал дека ќе и го одземе детето на Ивана. Според сведокот, тој повеќепати споменувал дека ако заврши во затвор, по излегувањето ќе ја убие.
Ивана претходно му раскажала на Мартин дека Стојанче и покажувал и оружје додека и се заканувал.
Подоцна, сите заедно се упатиле кон станот. Таму, Ивана побарала неколку минути сама со ќерката. По кратко време, таа ја заклучила вратата и одбила да излезе.
Набргу потоа, му се јавила на Стојанче, а потоа и на Мартин, барајќи тој да го замоли сопругот да се јави на видео повик. Кога Стојанче конечно го отворил телефонот, повикот бил прекинат, но при следниот обид Мартин успеал да види нешто што веднаш го алармирало.
„Ја видов Ивана со Катја на терасата и веднаш сфатив што ќе направи“, сведочеше тој.
И покрај обидите да ја спречи, следел трагичен момент.
„Викнав ‘Ивана немој’, почнав да трчам, но слушнав силен удар“, изјави Мартин низ солзи.
Мартин сведочеше дека ги видел Ивана и Катја неподвижни, додека повикувал за итна помош. Според неговите зборови, Стојанче не се приближил до местото на настанот.
Случајот предизвикува сериозни прашања за институционалната реакција на пријавено семејно насилство, како и за заштитата на жртвите во вакви ситуации.
Крвав инцидент во Прилепскиот затвор: Осуденик нападнал цимер со остар предмет
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

