30 мај 2025
• од Станча Јаќимовски
Додека Албанија со полна пареа напредува на својот европски пат, Северна Македонија останува заглавена во лавиринт од блокади и нерешени прашања. На конференција во Брисел, еврокомесарката за проширување, Марта Кос, објави дека Европската комисија ќе ги отвори сите преговарачки поглавја со Албанија во јуни – чекор што ја носи земјата директно во последната фаза од интеграцијата во Европската Унија.
„Треба да отвориме уште еден сет поглавја со Албанија и тоа ќе се случи во јуни. Со овој чекор, ќе ги отвориме сите поглавја од преговорите со земјата. Потоа започнува процесот на затворање на поглавјата, што е подеднакво важно,“ изјави Кос.
Овој развој на настаните е јасен сигнал дека Албанија го трасира својот европски пат како на автопат – брзо, директно и со јасна насока. Кос нагласи дека напредокот на Тирана се темели на конкретни резултати и заслужени постигнувања, издвојувајќи ја Албанија од останатите земји од Западен Балкан.
„Секогаш инсистирам проширувањето да се базира на заслуги. Албанија врши извонредна работа. Со Еди Рама имаме договор: овој процес треба да се финализира како брак меѓу Албанија и Европа,“ додаде таа.
Овие пофалби доаѓаат како признание за сериозните институционални реформи и активен граѓански ангажман во Албанија. Со отворањето на сите поглавја, земјата влегува во последната и најделикатна фаза – затворање на истите, што бара уште поголема посветеност, но и ја отвора вратата кон полноправно членство во ЕУ.
Во меѓувреме, Северна Македонија, која долго време важеше за пример во регионот, се соочува со застој поради билатерални спорови и внатрешни политички поделби. Разликата во темпото и перспективата е сè поочигледна: Албанија оди напред, ние тапкаме во место.
Прашањето сега не е дали Албанија ќе биде дел од ЕУ – таа е на последната етапа. Прашањето е: дали Северна Македонија ќе остане заглавена во ќорсокакот или конечно ќе пронајде излез кон истиот автопат?
Зголемени плати и нови инвестиции во големо државно фабричко претпријатие во Бугарија
Расчистен случајот со пукањето во Тетово – лишени од слобода двајца малолетници