22 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Францускиот претседател Емануел Макрон оствари телефонски разговор со новоизбраниот претседател на Иран, Масуд Пезешкиан, при што го повтори своето барање за итно ослободување на двајца француски државјани кои се во притвор во Иран од 2022 година. Веста ја пренесе Би-би-си.
„Иранскиот претседател @drpezeshkian ме повика. Повторив јасно и решително: Сесил Колер и Жак Парис мора веднаш да бидат ослободени. Нивното нехумано задржување е неправедно. Очекувам тие да се вратат во Франција“, напиша Макрон на социјалната мрежа X (поранешен Твитер).
Сесил Колер (40) и Жак Парис (70) патувале како туристи во Иран во 2022 година, но таму биле уапсени. Француските власти ги сметаат за „државни заложници“.
Макрон изрази и сериозна загриженост во врска со иранската нуклеарна програма: „Ја повторив својата цврста позиција: Иран никогаш не смее да се здобие со нуклеарно оружје. Мора да обезбеди целосни гаранции дека неговата нуклеарна програма има исклучиво мирољубиви цели.“
Во заклучокот од разговорот, францускиот претседател додаде: „Убеден сум дека постои пат за ставање крај на војната и избегнување на уште поголеми опасности. За таа цел, ќе ги интензивираме преговорите кои Франција и нејзините европски партнери ги водат со Иран.“
Останува да се види дали новата иранска администрација ќе покаже подготвеност за дипломатски отвори со Западот и за подобрување на односите со ЕУ.