07 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Зира Груби, мајката на политичарот и поранешен висок функционер Артан Груби, се огласи на својот профил на Фејсбук со емотивна порака по повод роденденот на нејзиниот син, кој моментално се соочува со обвиненија и, како што таа наведува, политички прогон.
Во својата објава, таа изрази гордост и љубов кон својот син, нагласувајќи дека неговото отсуство денес се чувствува повеќе од присуството на многумина други. Според неа, делата на Груби се паметат затоа што, како што пишува, ги направил Албанците горди и покажал дека дадениот збор може да се реализира.
„Кога не можат да се приближат до твојата работа, сакаат да уништат сè што си постигнал,“ напиша Зира Груби, додавајќи дека таа како мајка никогаш не била погорда.
Во пораката, таа го спореди третманот кон нејзиниот син со времето на комунизмот:
„Се молам оваа политичка одмазда и прогон како во време на комунизмот да ја има судбината на тој систем – да пропадне. Вистината ќе победи по Божја волја.“
На крајот, таа му посака добро здравје и го охрабри да учи од животот и да стане човекот што, како што вели, таа знае дека може да биде.
Објавата на Зира Груби предизвика внимание и бројни реакции на социјалните мрежи, во време кога името на Артан Груби е дел од актуелни политички и правни настани во земјата.
В'лчев со критики за ЕУ-извештајот: Не е работа на парламентот да признава идентитет
Приведен возач во Кавадарци поради управување со возило под дејство на алкохол