11 април 2026
• од Станча Јаќимовски
Поранешниот министер за правда, Кренар Лога, преку статус на социјалните мрежи упати остри критики до претседателката Гордана Силјановска-Давкова, обвинувајќи ја за ширење застарени и проблематични ставови во врска со употребата на албанскиот јазик и правосудниот испит.
Реакцијата на Лога доаѓа по гостувањето на Силјановска на ТВ21, каде таа го коментираше прашањето за полагање на правосудниот испит на албански јазик.
Лога во својата објава детално демантира неколку точки од излагањето на претседателката, посочувајќи дека законските решенија се веќе променети:
Најсериозната критика Лога ја упати кон дефинирањето на статусот на албанскиот јазик во државата. Тој смета дека реториката на Силјановска припаѓа на едно минато време.
„Постои суштинска разлика која оваа поранешна југословенска политичка класа, претставена од г-ѓа Силјановска, мора да ја разбере: албанскиот јазик не е 'јазик на малцинство', како што таа постојано 'погрешно' тврди, туку е јазик на околу една третина од населението и на еден од државотворните народи, заедно со Македонците“, истакнува Лога.
Лога повлече паралела и со европските демократии, нагласувајќи дека двојазичноста во правосудството не е никаков преседан. Тој ги посочи примерите на Финска, Белгија, Швајцарија и Канада, каде слични практики се вообичаен дел од правниот систем на напредните западни демократии.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

