17 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Во едно од своите најнови обраќања, поранешниот премиер и лидер на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски, го изнесе својот став за тоа како времето и политичката динамика ќе ја преобликуваат историската перцепција на Јосип Броз Тито во македонското општество – особено меѓу патриотските кругови.
„Знам дека за кратко време во Македонија ќе дојде таква ситуација што Тито ќе ни биде голем Југословен, а мал Србин“, вели Георгиевски, додавајќи дека ревизијата на неговата улога нема да се случи поради демократијата или односот кон Македонците, туку поради „штетата што им ја направил на Србите“.
Оваа изјава отвора неколку значајни прашања во однос на начинот на кој македонската десница – која традиционално е антијугословенски и антикомунистички ориентирана – ќе се соочи со историските слоеви на Тито како личност и како политички проект.
Според Георгиевски, причината за идна ревизија на Тито ќе биде идеолошки прагматична, а не историски или морална. Не затоа што Тито бил демократ или затоа што не направил штета на Македонија, туку затоа што неговите политики на моменти оделе против интересите на српскиот централизам. Таа линија на размислување, според Георгиевски, би можела да биде доволна за еден дел од македонската патриотска сцена да го „преиспита“ своето односно непријателство кон поранешниот југословенски лидер.
Со ова се отвора потенцијално парадоксална ситуација: истиот Тито кој децении бил симбол на „непријателската Југославија“ во очите на дел од македонскиот десничарски спектар, би можел утре да се најде на списокот на „наши тактички сојузници“ – само затоа што не бил по мерак на Белград.
Оваа реторичка пресвртница не е нова појава во балканскиот политички пејзаж, но таа е силно симболична за начинот на кој историските фигури се инструментализираат во рамки на тековната политичка борба. Тито, во ова сценарио, не е веќе сложена личност со сите свои противречности – туку „корисна алатка“ во актуелната национална наратива.
На крајот, оваа изјава на Георгиевски не нуди историска рехабилитација на Тито, туку нуди политичка – онаа што произлегува не од вредносно преиспитување, туку од национален интерес, дефиниран според новите непријатели и приоритети.
Физички напад во Скопје: Ќерка ја нападнала мајка си и ја оштетила покуќнината
Во Бугарија: Симитли ќе стане тест-полигон за оклопни возила од домашно производство
Г7 ја поддржа Израел и го прогласи Иран за дестабилизирачки фактор на Блискиот Исток
Румен Радев: Бугарија никогаш не ставила вето на патот на С. Македонија кон ЕУ