09 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски неодамна предизвика вистинска бура во јавноста со своето тврдење дека дедото на Никола Груевски, Михаил Д. Мијалков, бил дел од одборот за пречек на бугарската војска во Штип. Новообјавени податоци од бугарската Државна агенција „Архиви“ ја потврдуваат оваа изјава со конкретни историски докази.
Според документот, на 21 ноември 1941 година, во окупираниот Штип, е основан „Општограѓански национален клуб Благој Монев“. Овој клуб, отворено ориентиран кон промовирање на бугарскиот национализам, имал за цел обединување на „здравите национални сили“ и „приопштување на Македонија кон Мајката Татковина – Бугарија“.
Во управата на клубот биле:
Меѓу активните членови се споменува и Михаил Д. Мијалков, дедото на Никола Груевски и на поранешниот шеф на тајната полиција, Сашо Мијалков. Во клубот членувале и Васил Гранков, Славко Грличков, Ѓошо Д. Гочев и други видни штипски граѓани, кои учествувале на основачкото собрание заедно со познатиот ВМРО-деец Димитар Чкатров, како и со Димитар Ѓузелов и Михаил Икономов.
Клубот јавно се залагал за:
Овие историски факти фрлаат сосема ново светло врз семејното потекло на Груевски и врз идеолошкиот контекст од кој доаѓа. Особено контроверзно делува ваквото минато ако се земе предвид дека токму Никола Груевски беше еден од најгласните застапници на македонскиот патриотизам и антибугарска реторика за време на своето владеење.
Проблемот не е само во историската вистина, туку во контрадикторноста меѓу личната и семејна биографија и политичката платформа што се нудеше на јавноста. Како ќе реагира македонското општество и неговите институции по обелоденувањето на овие факти – останува да се види.