МАКЕДОНИЈА

Лисици низ Скопје – апел од „Анима Мунди“: Не паничете, не хранете и не бркајте ги

17 јуни 2025

• од Станча Јаќимовски

Последниве денови низ Скопје, особено во подножјето на Водно и населбата Козле, се забележани повеќе случаи на појава на лисици – вклучително и мајка со младенчиња. Овие сцени, овековечени и преку видеа, предизвикаа реакции кај граѓаните, но од Здружението за заштита на животните „Анима Мунди“ апелираат: нема простор за паника.

Од здружението појаснуваат дека лисиците не претставуваат закана за луѓето. Тие се плашливи, интелигентни и претежно ноќни животни кои избегнуваат контакт со човекот. Нивната се поизразена појава во урбани средини, според „Анима Мунди“, е последица на сè поголемата загуба на природни живеалишта поради уништување на шумите, градежната експанзија и недостигот на храна.

„Ова не е напад, туку повик за разбирање. Лисиците, исто како и луѓето, се обидуваат да преживеат во менливиот амбиент. Нивното присуство не е причина за страв, туку можност да изградиме свесност и почит кон животот што нè опкружува“, велат од „Анима Мунди“, посочувајќи дека во многу европски градови – како Лондон, Берлин, Торонто и Љубљана – лисиците се веќе нормален дел од урбаната фауна и живеат паралелно со луѓето без проблеми.

Од здружението даваат и препораки како да постапиме при средба со лисица:

  • Не се обидувајте да ја бркате, фаќате или храните.
  • Не оставајте остатоци од храна или отворени канти – тоа ги привлекува.
  • Држете ги домашните миленици на поводник и останете смирени – лисицата сама ќе се повлече.
  • Пријавете ако забележите повредена или дезориентирана единка.

„Лисиците се дел од нашата природа. Непознавањето не треба да стане извор на страв, туку поттик за едукација и разбирање“, апелираат од здружението, нагласувајќи дека Скопје може и треба да биде град што живее во хармонија со природата.

Своето мислење за ситуацијата го изнесе и Македонското Еколошко Друштво (МЕД), од каде потврдуваат дека лисиците се редовни жители на Водно и често се појавуваат и во соседните населби како Жданец, Нерези и Козле.

„Присуството на мајка со младенчиња укажува на здрави и природни процеси. Како и другите животни кои се опортунисти во исхраната, и лисиците се привлечени од органски отпад кој често не се селектира и не се собира редовно“, појаснуваат од МЕД.

Скопје е дом и за луѓето и за многу диви животни. Односот кон нив треба да биде одраз на нашата свесност, а не на ирационален страв.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

© 2025. Сите права запазени