Лишени од слобода две лица во Кичево поради возење под дејство на алкохол
Две лица од Кичево се лишени од слобода во текот на ноќта на 26 април 2025 година, откако биле фатени при управување моторни возила под дејство на алкохол, информираат од ОВР Кичево.
Околу 02.00 часот, на улицата „Методија Стефаноски“ во Кичево, полициски службеници го запреле возачот Х.Б. (32) од селото Подвис, кој управувал патничко моторно возило „Фолксваген Голф“ со кичевски регистарски ознаки. По извршената контрола било утврдено дека истиот бил под дејство на алкохол, со измерени 2,05 промили алкохол во крвта.
Претходно, околу 01.30 часот, на улицата „Борис Кидрич“ во Кичево, полициски службеници го лишиле од слобода и М.Г.Ј. (28) од Кичево. Тој бил затекнат како управува патничко моторно возило марка „БМВ“, при што му биле измерени 1,65 промили алкохол во крвта.
И двајцата возачи веднаш се исклучени од сообраќај и задржани во полициска станица. По целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени кривични пријави согласно член 297-а од Кривичниот законик, за „безобѕирно управување со моторно возило“.