Лишен од слобода возачот кој удри пешак во Скопје
На 26 април 2025 година, во раните утрински часови, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Скопје го лишиле од слобода Е.Ј. (31) од Скопје. Тој е осомничен дека на 25 април 2025 година, околу 20:30 часот, на кружниот тек кај улиците „Кирил и Методиј“, „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и „Костурски Херои“, со патничко возило марка „Фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, удрил во пешакот Ѓ.П. (87) од Скопје.
Повредениот пешак бил итно пренесен со возило на Итна медицинска помош во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Полицијата информира дека по целосно документирање на настанот, и во координација со јавен обвинител, против возачот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.