12 јуни 2025
• од Гоце Кически
Партијата Левица остро реагираше на загрижувачката состојба во македонскиот образовен систем, предупредувајќи дека и покрај континуираниот пораст на бројот на наставници, квалитетот на образованието е во слободен пад. Според нивната изјава, само оваа година биле ангажирани над 600 нови наставници, додека бројот на ученици во основното и средното образование се намалил за неколку илјади.
Партијата укажува на сериозни проблеми со функционалната писменост кај младите. Резултатите од меѓународното ПИСА тестирање покажуваат дека 73,6% од учениците на 15-годишна возраст не се способни да читаат со разбирање, 66,2% не ја совладале математиката на основно ниво, а 65,3% имаат потешкотии со разбирањето на основите на природните науки. УНИЦЕФ дополнително алармира дека секое трето дете до 18 години е функционално неписмено.
„За жал, зголемениот број наставници не значи и подобар образовен систем“, велат од Левица, додавајќи дека паралелно со ова, просечниот успех на учениците расте, а сè помалку ученици се испраќаат на поправни испити или повторуваат одделение. „Ова јасно укажува на девалвација на оценките и прикривање на реалната состојба“, се вели во соопштението.
Според Левица, ситуацијата е резултат на децениското владеење на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ, кои, како што велат, преку политички пазар и кадрирање без квалитет, системски го уништуваат образованието.
Во своето обраќање, партијата ја повика јавноста на итна реакција: „Ова не е само статистика, туку аларм за целосен колапс. Ученици без книги, наставници без квалификации, училишта под партиски диктат – ова не е иднината што ја заслужуваат нашите деца.“
Левица повикува на радикални реформи и политичка одговорност од сите досегашни владејачки структури, предупредувајќи дека во спротивно, образовниот систем ќе продолжи да произведува генерации без основни животни и интелектуални алатки.