14 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Партијата Левица денеска остро ја критикуваше Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за, како што велат, расипничко трошење на јавни средства во време на тешка економска состојба за граѓаните. Тие обвинуваат дека државниот врв одбива да ги поддржи работниците, додека паралелно троши стотици илјади евра на луксузни услуги.
„Очигледно, за расипничката власт на ДПМНЕ има пари само за нивните луксузни апетити, но не и за работниците кои едвај врзуваат крај со крај“, стои во соопштението на Левица.
Според податоците кои ги објавија од партијата, Службата за општи и заеднички работи на Владата во мај годинава склучила два тендери во вкупен износ од 450.000 евра. Првиот, вреден 11,8 милиони денари, се однесува на набавка на риба, месо и сувомеснати производи, додека вториот – во висина од 16,5 милиони денари – е за хотелско сместување на владини функционери.
„Се работи за јасен пример на лицемерие и двојни стандарди. Власта гласаше против предлогот за минимална плата од 500 евра, кој го поднесовме по барање на синдикатите, а во исто време склучува договори за луксузни вечери и хотели“, велат од Левица.
Партијата остро критикува дека власта не работи во интерес на граѓаните, туку е во служба на крупниот капитал и блиските бизнис-центри. Тие предупредуваат дека реалната економска слика на Македонија е далеку од оптимистичката слика што, според нив, ја промовира владината ПР-машина.
„Македонија не е економска сила, туку земја во која работниците гладуваат, младите масовно се иселуваат, а функционерите се гоштеваат со морски плодови за сметка на народот“, завршуваат од Левица.