29 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Во Собранието пристигна Предлог-ребалансот на Буџетот за 2025 година, кој Владата го претставува како дел од процесот на фискална консолидација и макроекономска стабилизација. Сепак, од партијата Левица реагираат дека овој ребаланс е уште еден пример за структурно погрешна и класно пристрасна политика која, според нив, ја става тежината на граѓаните наместо на профитабилниот капитал.
„Наместо да се насочи кон прогресивно собирање на јавни приходи преку повисоки даноци за капиталот и високите приходи, Министерството за финансии повторно ја префрла цената на фискалната рамнотежа врз грбот на граѓаните, без суштински структурни реформи“, се наведува во реакцијата на Левица.
Партијата дополнително посочува дека капиталните расходи не се насочени рамноправно, туку селективно се пренасочуваат. Особено ја критикуваат најавата за дополнителни средства за Министерството за одбрана, предупредувајќи дека тоа отвора прашања дали државата гради економија или ја милитаризира.
„Во услови кога образованието и здравството се соочуваат со недостиг на кадар и инфраструктурни проблеми, зголемувањето на воениот буџет е антинароден потег“, велат од Левица.
Партијата се осврнува и на најавеното зголемување на платите за вработените во МВР за 10%, оценувајќи го како потврда за клиентелистички приоритети на Владата: „Државата го наградува репресивниот апарат, додека наставниците и здравствените работници остануваат потценети и занемарени.“
Во однос на проектираниот економски раст од 3,7% за кој Министерството за финансии се повикува на зголемена домашна потрошувачка и инвестиции во инфраструктурата, Левица предупредува дека таквите прогнози се нереални, имајќи ја предвид стагнацијата на реалните плати, демографската депопулација и невработеноста кај младите.
„Овие проекции се базирани на вештачка статистика и краткорочен оптимизам“, порачуваат од партијата, потсетувајќи дека и Народната банка веќе ја намали прогнозата за растот на БДП на 3%.
Левица заклучува дека предложениот ребаланс е технократски производ на неолибералниот економски модел кој, според нив, ги продлабочува класните разлики, ја концентрира економската моќ и го маргинализира трудот, младите и сиромашните.