26 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Од политичката партија Левица остро реагираат на состојбата со животната средина во Велес, обвинувајќи го градоначалникот Марко Колев и неговата матична партија ВМРО-ДПМНЕ за свесно запоставување на еколошката заштита во градот.
Општина Велес, веќе четири години, е без локален инспектор за животна средина – позиција што е од клучно значење за контрола, спречување и санкционирање на загадувањето. Наместо да распише јавен оглас за пополнување на оваа стратешка функција, градоначалникот Колев, со поддршка од ДПМНЕ, одбива да ја активира оваа институционална алатка. Како резултат на тоа, Велес е оставен во целосна институционална блокада, каде надлежните органи ниту преземаат мерки, ниту санкционираат прекршители.
„Ова не е пропуст – ова е свесна одлука“, велат од Левица, додавајќи дека нефункционирањето на системот е директна закана за здравјето на граѓаните и еколошката стабилност на регионот.
Во текот на мандатот на Колев, Велес се соочува со невиден еколошки колапс. Езерото Младост – некогашната гордост на градот – денес е речиси уништено. Пречистителната станица за отпадни води е оставена да пропаѓа, реката Тополка е загадена до степен на масовен помор на риби, а градот секојдневно се гуши во неподнослива смрдеа, особено во вечерните часови.
Наместо итни мерки, локалните власти се занимаваат со организирање партиски прослави, обвинува Левица. Во последните четири години, не е забележана ниту една сериозна институционална интервенција.
Апсурдноста достигнува врв кога Колев изјавува дека „никој не дошол да побара да биде инспектор“, како да се работи за волонтерска позиција, а не за законска обврска. Левица оваа изјава ја оценува како кулминација на ароганција и потценување на јавниот интерес.
„Ова не е само еколошка катастрофа – ова е системско политичко убиство на институциите. Велес е жртва на намерна нефункционалност, зад која стојат приватни и партиски интереси“, стои во соопштението од Левица.
Партијата бара итна реакција од надлежните државни институции и повикува на одговорност за сите кои, со своето неработење или соучесништво, ја доведоа животната средина и здравјето на велешани во опасност.