МАКЕДОНИЈА

Левица Градско бара итна еколошка контрола поради загадувањето од биогасната централа

16 јуни 2025

• од Станча Јаќимовски

Под превезот на „еколошка инвестиција“, во центарот на Општина Градско беше изградена биогасна централа која, според жителите и партијата Левица, наместо придобивки, предизвикува секојдневно загадување, неподнослива смрдеа и сериозни закани за здравјето на населението. Левица – Градско остро реагираше, барајќи итна независна еколошка контрола и транспарентност во работењето на централата.

Според жителите, изградбата на централата се случила без нивно знаење и учество, а последиците денес ги чувствуваат директно – загаден воздух, нарушен квалитет на живот и страв од долгорочно нарушување на здравјето. Од Левица децидно порачуваат:
„Не сме против енергија од отпад, но сме против да се труеме во сопствениот дом!“

Покрај тековното загадување, јавноста е повторно потсетена на еколошката катастрофа што се случи во јули минатата година, кога пукна браната со течно ѓубриво од биогасната централа. Наместо соодветно складирање, отпадот бил нелегално истоварен на соседна парцела, каде што без дозвола била создадена „лагуна“ која подоцна попуштила. Последиците беа катастрофални – реката Вардар доживеа масовен помор на рибата, а риболовците сведочеа дека никогаш досега не виделе вакво уништување на водниот свет.

За овој настан, правното лице управувач на централата доби казна меѓу 110.000 и 120.000 евра, а одговорното лице – дополнителна санкција од 6.000 евра. И покрај тоа, централата сѐ уште работи, а довербата на жителите во институциите е на минимум.

Левица – Градско апелира дека е време за гласен отпор и предупредува дека без брза и ефективна реакција, уште една „еколошка инвестиција“ може да прерасне во трајна еколошка катастрофа.

„Бараме независна еколошка контрола, одговорност, транспарентност и заштита на животната средина. Жителите на Градско заслужуваат чист воздух и достоинствен живот, а не труење и игнорирање,“ стои во нивната официјална реакција.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

© 2025. Сите права запазени