10 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Либерално-демократската партија (ЛДП) реагира на последната одлука на Регулаторната комисија за енергетика за зголемување на цените на нафтата и нафтените деривати, оценувајќи дека Владата делува неподготвено во справувањето со новиот ценовен бран. Од партијата бараат итна и ефикасна реакција од надлежните институции со цел да се олесни товарот врз буџетот на граѓаните.
Од ЛДП велат дека одлуката на РКЕ не е изненадување ако се земат предвид актуелните геополитички случувања, особено ситуацијата на Блискиот Исток и воената интервенција во Иран, кои имаат пошироки последици и врз соседните региони. Според нив, токму овие настани влијаат врз растот на цените на светските пазари, каде што цената на барел сирова нафта веќе ја надминува границата од 100 долари.
„Изненадува фактот што Владата делува целосно неподготвено, иако пред само десетина дена уверуваше дека нема опасност за државата“, велат од партијата. Тие апелираат до Владата, Министерството за енергетика и другите надлежни институции да преземат конкретни чекори за ублажување на последиците од растот на цените.
Од ЛДП очекуваат во наредните денови да бидат презентирани конкретни мерки кои ќе помогнат во намалување на ценовниот шок, особено во услови на висока инфлација и постојано зголемување на трошоците за живот.
Како прв чекор, од партијата предлагаат Владата итно привремено да ја намали акцизата за увоз на горива. Дополнително, тие повикуваат и на воведување други мерки и субвенции кои би помогнале во намалување на дополнителниот финансиски притисок врз граѓаните. Според ЛДП, ваквите потези би биле навремена реакција на државата во период на економска неизвесност и раст на цените на енергенсите.
Денеска 9 март 2026 година се празнува Наоѓањето на главата на Свети Јован Крстител
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

