10 март 2026
• од Станча Јаќимовски
На 9 март 2026 година, околу 09:00 часот, полициски службеници од СВР Штип во угостителски објект на улицата „Сутјеска“ во Штип го лишиле од слобода Б.Х.Ј. (46) од Штип, кој претходно извршил повеќе инциденти во градот.
Според информациите од полицијата, околу 08:00 часот пред влезот на средно училиште во штипското подрачје, осомничениот запрел службено возило „Пежо“ со штипски регистарски таблички управувано од М.А. од Штип. Тој лажно се претставил како полициски службеник и извршил наводна контрола на возилото, по што го одзел автомобилот и се упатил кон населбата Ново Село.
Движејќи се со возилото, Б.Х.Ј. предизвикал сообраќајна несреќа на улицата „Маршал Тито“, удирајќи во паркирано возило, по што продолжил да се движи кон центарот на градот.
Околу 08:45 часот на улицата „Сутјеска“, тој пресретнал жена од Штип која шетала куче и со сила ѝ го одзел миленикот, по што се оддалечил од местото на настанот.
По преземените мерки од страна на полициските службеници од СВР Штип, возилото било пронајдено, а осомничениот бил уапсен. При лишувањето од слобода, еден полициски службеник се здобил со телесни повреди, кои биле констатирани во Клиничката болница во Штип.
Во текот на ноќта, истиот 46-годишник бил пријавен и за уште два одделни инцидента – расправија и навреди, како и оштетување на банкомат во зграда на улицата „Сутјеска“.
По целосно документирање на случајот, против лицето ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

