18 јули 2025
• од Станча Јаќимовски
ВМРО-ДПМНЕ продолжува со системско уништување на државните институции преку брутална партизација, овојпат насочена кон една од најчувствителните служби – М-НАВ, институцијата одговорна за безбедноста на воздушниот сообраќај. Ова денеска го изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, остро реагирајќи на новите вработувања во институцијата.
„Во М-НАВ се спроведува класичен упад, каде се отфрлаат професионалци со соодветни квалификации, лиценци и познавање на англиски јазик, а се примаат лица со единствена 'квалификација' – партиска книшка на ВМРО-ДПМНЕ“, истакна Кузеска. Таа наведе конкретни примери, посочувајќи дека меѓу новопримените се наоѓаат сопругот на директорката на Централниот регистар, сопругата на Игор Југ – осуден за насилниот напад во Собранието на 27 април, како и потпретседател на младинската организација на партијата.
Кузеска посочи дека „некои од кандидатите дури и не го познавале англискиот јазик, што е клучен предуслов за работа во оваа институција, а сепак биле фаворизирани и примени. Од друга страна, кандидати без партиска припадност, иако поседувале целосна стручна подготовка, биле одбиени“.
Дополнителен скандал, според неа, е фактот што интервјуата за вработување ги спровеле исклучиво директори од Управниот одбор на М-НАВ, без присуство на претставници од синдикатот на контролори на летање. „Ова покажува дека наместо професионална служба, М-НАВ се претвора во партиска филијала на ВМРО-ДПМНЕ“, додаде таа.
„М-НАВ не е партиска играчка. Таму се работи за човечки животи, за безбедноста на сите нас во воздухот. Оваа институција бара врвен професионализам и стручност, не политичка лојалност“, предупреди Кузеска, обвинувајќи ја владејачката партија дека со ваквите постапки ја загрозува безбедноста на граѓаните и ја урнисува довербата во една од најважните институции во државата.
СДСМ најави дека ќе ги истражи сите правни можности за спречување на ова, како што го нарекуваат, „бескрупулозно партизирање“ и ќе ги информира домашните и меѓународните институции за случувањата во М-НАВ.
ВЛЕН: Ќе бидеме глас на еднаквоста за сите институции на албанското наследство
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден
ВЛЕН: Ќе бидеме глас на еднаквоста за сите институции на албанското наследство
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден
ВЛЕН: Ќе бидеме глас на еднаквоста за сите институции на албанското наследство
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден
ВЛЕН: Ќе бидеме глас на еднаквоста за сите институции на албанското наследство
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден
ВЛЕН: Ќе бидеме глас на еднаквоста за сите институции на албанското наследство