21 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Во јавноста излегоа нови сериозни сомнежи околу валидноста на јазичниот ТОЕФЛ-сертификат на директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Бојан Христовски. Последното истражување на БИРН открива низа недоследности и сомнителни околности кои, според СДСМ, бараат итна реакција од надлежните институции.
Според наодите, Христовски тврдеше дека полагал ТОЕФЛ преку јазичното студио „Јулија“ во Пловдив, Бугарија, но документацијата укажува дека тестот бил полаган од дома. Освен тоа, се забележуваат и неправилности во структурата на испитот: деловите за читање, слушање и пишување биле полагани на 22 март 2022 година, додека делот за зборување бил завршен пет дена претходно – што е спротивно на стандардите на ETS, официјалната институција задолжена за ТОЕФЛ, каде испитот се спроведува во еден блок без прекини.
Дополнителен сомнеж предизвикува и самиот документ што Христовски го приложил – станува збор за верзија што секој кандидат може самостојно да ја испечати, без автентикација од ETS. Дополнително, кодот на тест-центарот наведен во сертификатот не е од Пловдив, туку од Софија, и нема никаква поврзаност со студиото „Јулија“, како што тврдеше Христовски.
Сертификатот има важност од две години, што значи дека престанал да важи во март 2024 година, а Христовски беше именуван за директор на АНБ во октомври 2024 – седум месеци по неговото истекување. Сето ова отвора сериозни прашања за законитоста на неговото именување и кредибилитетот на процесот.
На прес-конференција одржана од страна на портпаролката Богданка Кузеска, СДСМ побара:
„Ова не е само прашање на невалиден документ – туку пример за груба партизација, институционална заштита и недопирливост на владини функционери“, изјави Кузеска, нагласувајќи дека обвинителот Владимир Милошевски директно го штител Христовски и со тоа ја нарушил довербата во правосудниот систем.
СДСМ предупредува дека духот на „тефтерчињата“ од времето на Груевски сѐ уште живее, а со ВМРО-ДПМНЕ на власт, правдата е загрозена. Според партијата, јавноста има право да ја дознае вистината, а сите инволвирани мора да понесат одговорност.
„Одговорност мора да има“, заврши Кузеска.