македонија05 ноември 2024 Куќата на Димитар Талев во Прилеп брзо се реновира од НВО "Манол Пеjков и Приjатели"
Во Прилеп, историската куќа на познатиот македонски и бугарски писател, новинар и пратеник во бугарското народно собрание Димитар Талев, која минатата година беше откупена од НВО „Манол Пеjков и Пријатели,“ добива важни реновирања и заштита. По паѓањето на дел од покривната конструкција, последните неколку месеци се извршија обемни работи за да се заштити зградата од дополнително оштетување. Во моментов, новата дрвена структура го покрива паднатиот дел, за да се спречи дождот и снегот да ја уништат оваа историска куќа преку зимата.
Во октомври, Манол Пеjков лично сними видео од самата куќа во Прилеп, каде што прикажа дел од тековните градежни активности. Во видеото тој разговараше за тековните и идните чекори во реновирањето на овој значаен објект, вклучувајќи планови за целосно обновување и негово претворање во поетски центар за поети од Македонија и Бугарија.
Манол Пеjков е познат бугарски издавач, преведувач и општественик од Пловдив, активен во полето на културата и уметноста. Тој е и пратеник во бугарскиот парламент од коалицијата ПП-ДБ (Продолжуваме Промената - Демократска Бугарија).
Димитар Талев е еден од најзначајните македонски и бугарски писатели од XX век, познат по неговите дела кои ја прикажуваат македонската и бугарската општа историја и култура. Неговото најпознато дело, „Железниот свеќник“ ја пренесува приказната за животот и борбата на народот от Македониjа. Оваа куќа во Прилеп била инспирација за дел од романот, оставајќи длабока врска меѓу творештвото на Талев и неговиот роден крај.
НВО „Манол Пеjков и Пријатели“ има планови за целосно обновување на куќата, со цел да ја зачува како важен дел од културната и историската наследност на градот Прилеп. Во иднина, тие планираат оваа куќа да ја претворат во поетски центар, каде што поети од Македонија и Бугарија ќе можат да се соберат и да пишуват и разменуваат идеи.