Кривична пријава против лице од Неготино за криумчарење мигранти и фалсификување исправа
Регионалниот центар за гранични работи Југ при Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија од Гевгелија поднесе кривична пријава по итна постапка против 25-годишниот Ј.К. од Неготино. Тој се сомничи за сторени кривични дела „криумчарење мигранти“ и „фалсификување исправа“.
Според информациите од полицијата, Ј.К. бил лишен од слобода на 13 мај 2025 година во Неготино, по спроведени мерки и активности поврзани со случај што се случил ден претходно, на 12 мај, во близина на Граничниот премин Богородица. Во близина на патничко возило од марката „Ауди“, со швајцарски регистарски ознаки кои припаѓале на друго возило, биле пронајдени четири жени мигрантки од Кина, од кои едната била во бессознание.
Осомничениот се наоѓа под мерка домашен притвор, определена од судија на претходна постапка, која ќе трае 30 дена.
Надлежните органи продолжуваат со истрагата за целосно расчистување на случајот и утврдување на можната вмешаност на други лица.