17 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против директорот и четворица вработени во Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ од Кичево, поради сомнение за сторени кривични дела поврзани со несоодветно ракување со отпад и загрозување на животната средина.
Против З.Ј. (49) од селото Горно Строгомиште, директор на ЈКП „Комуналец“, е поднесена пријава за две продолжени кривични дела: „несовесно работење во службата“ (член 353-в став 1 од Кривичниот законик) и „загрозување на животната средина и природата со отпадни материи“ (член 230 ставови 1 и 5).
Според наводите од истрагата, во периодот од 2020 година до денеска, З.Ј. наводно постапувал спротивно на законските прописи за заштита на животната средина. Тој без соодветни дозволи и согласности, на државно земјиште во населена зона во Кичево формирал дива депонија на неколку илјади квадратни метри, каде секојдневно се складирал и расфрлал отпаден материјал. Притоа, тој не поседувал ниту градежна дозвола, ниту Интегрирана еколошка дозвола, ниту Елаборат за заштита на животната средина, како што тоа го налагаат Законот за управување со отпад и Законот за заштита на животната средина.
Ваквата состојба е евидентирана со Записник за извршен инспекциски надзор од страна на Државниот инспекторат за животна средина.
Дополнително, на 4 јуни 2025 година, полициски службеници на лице место во дивата депонија ги затекнале Б.Б. (49) од с. Грешница, С.А. (49), Д.Ј. (56) и Ф.Т. (62) – сите вработени како возачи во ЈКП „Комуналец“, како истураат комунален отпад од специјални возила. Против нив е поднесена кривична пријава за „загрозување на животната средина и природата со отпадни материи“ по член 230 став 4 од Кривичниот законик.
Надлежните органи најавуваат понатамошни истраги и потенцијални дополнителни постапки во врска со овој случај кој отвора сериозни прашања за начинот на управување со отпадот и заштитата на животната средина на локално ниво.
Физички напад во Скопје: Ќерка ја нападнала мајка си и ја оштетила покуќнината
Во Бугарија: Симитли ќе стане тест-полигон за оклопни возила од домашно производство
Г7 ја поддржа Израел и го прогласи Иран за дестабилизирачки фактор на Блискиот Исток
Румен Радев: Бугарија никогаш не ставила вето на патот на С. Македонија кон ЕУ