МАКЕДОНИЈА

Ковачев: Нема нови услови – Бугарите мора да бидат внесени во сите делови од Уставот

30 јуни 2025

• од Станча Јаќимовски

Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев, од партијата ГЕРБ, изјави дека нема нови услови за Северна Македонија на патот кон ЕУ и дека земјата мора да ги исполни обврските од Договорот за пријателство со Бугарија и протоколите поврзани со него.

„Се придржуваме до консензусот од 2022 година и до преговарачката рамка, која е основата врз која се води целиот преговарачки процес. Тоа е јасно утврдено во неколку одлуки на бугарското Народно собрание, вклучувајќи ја и последната од пред неколку недели, каде што е наведено дека нема нови услови. Овие услови не се наши, туку на Европската Унија – внесување на Бугарите во сите делови од Уставот и исполнување на Договорот за пријателство со Бугарија заедно со протоколите,“ изјави Ковачев во интервју за БНТ, пренесе бугарскиот медиум „24 часа“.

Тој потенцираше дека станува збор за основни човекови права кои, според него, се прекршуваат во Северна Македонија, при што македонските Бугари, како Љупчо Георгиевски, се изложени на судска репресија.

На прашањето дали лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, добил ветување дека Северна Македонија ќе добие зелено светло ако Бугарите бидат споменати само во Преамбулата на Уставот, Ковачев одговори дека такво ветување не постои.

„Не, секако дека не е ветено. Во заклучоците на Советот пишува ‘промени во уставот’ во множина,“ рече Ковачев.

Тој додаде и дека многу европски известувачи биле револтирани од настапите на Мицкоски, обвинувајќи го дека се обидел да ги дискредитира со тоа што тврдел дека постигнал „триумф“ за македонската култура и јазик.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

GoFundMe icon

© 2025. Сите права запазени