МАКЕДОНИЈА

Костовски: Со ВМРО-ДПМНЕ Македонија стана економски неуспешна приказна

17 јуни 2025

• од Станча Јаќимовски

Во своето гостување во емисијата „Што мисли народот“ на штипската телевизија Стар, организациониот секретар на СДСМ, Мартин Костовски, остро ја критикуваше економската политика на ВМРО-ДПМНЕ, обвинувајќи ја партијата дека ја претворила Македонија во „економски неуспешна приказна“.

Костовски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ не ги исполнила ветувањата дадени пред граѓаните, особено кога станува збор за економијата и зголемување на платите. Според него, лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, иако ветувал покачување на платите, не презел конкретни чекори за тоа. Наместо тоа, како што вели Костовски, Мицкоски се обидува да создаде паралелни синдикални структури и да се пресметува со сите кои бараат подобри услови за живот.

„Секој што ќе побара нешто за подобрување на животниот стандард, веднаш се соочува со конфронтација од страна на Мицкоски. Тоа потсетува на времето на Никола Груевски, кога владееше притисок и диктатура“, рече Костовски.

Тој потсети дека токму СДСМ, за време на своето владеење, ја зголеми минималната плата од 9.000 на 22.500 денари, за разлика од ВМРО-ДПМНЕ која, според него, не понудила реални економски решенија.

Костовски исто така го осуди зголемувањето на јавниот долг, истакнувајќи дека и покрај задолжувањата, не се гледаат резултати на терен – ниту во Кочани, ниту во другите делови на државата. „Очигледно е дека нешто не функционира, а причината ја гледам во тоа што и Мицкоски и Славески се десничари кои го штитат крупниот капитал“, додаде тој.

Организациониот секретар на СДСМ информираше дека партијата има поднесено неколку законски предлози – за нова минимална плата, за намалување на ДДВ на храна и струја, како и за субвенционирање на придонеси – но истите не биле прифатени од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

„Последиците од тие одбивања ги чувствуваат токму граѓаните, кои живеат се потешко“, заклучи Костовски.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

© 2025. Сите права запазени