02 јули 2025
• од Станча Јаќимовски
Еврокомесарката Марта Кос денеска од Скопје испрати силна порака дека наративот за губење на македонскиот идентитет е дел од руските влијанија, со цел да се предизвика страв и отпор кон европскиот процес.
„Откако Молдавија стана земја-кандидат во моето портфолио, помагаме да се спречи рускиот наратив што вели дека ќе го изгубат идентитетот. Идентитетот, според мене, никогаш не може да стане предмет на политичко одлучување. Тоа е нешто што си го носиме во душите и во нашите срца“, истакна Кос на заедничката прес-конференција со македонскиот премиер Христијан Мицкоски.
Таа нагласи дека идентитетот се изразува преку културата, традицијата и вредностите кои се одржуваат во секојдневниот живот, споменувајќи ја грижата за традиционалните македонски јадења како тавче гравче, пинџур, полнети пиперки, но и за културното наследство како манастирите, народните носии и односот кон постарите генерации.
Во врска со европската интеграција на Северна Македонија, еврокомесарката подвлече дека позицијата на Европската комисија е јасна: доколку земјата ги исполни преземените обврски и го промени Уставот, тогаш веднаш ќе започне меѓувладината конференција, без дополнителни политички условувања.