МАКЕДОНИЈА

Контролорите на летање најавуваат штрајк

19 јуни 2025

• од Станча Јаќимовски

Струковиот синдикат на контролори на летање на Северна Македонија (ССКЛМ) ѝ постави јасен ултиматум на компанијата М-НАВ: доколку до крајот на јуни не се поништат последните огласи за нови вработувања и не се исполнат обврските од минатогодишната Спогодба, ќе следи реактивирање на штрајкот од 10 јули.

Во своето соопштение, ССКЛМ предупредува дека состојбата во М-НАВ е драматично влошена. Како главни проблеми ги наведуваат нарушените меѓучовечки односи, блокираните процеси за јавни набавки, застојот во имплементацијата на нови технички системи, прекршување на Колективниот договор, како и тајни измени во систематизацијата. Синдикатот истакнува дека не се почитуваат договорените точки од Спогодбата со раководството на М-НАВ потпишана на 13 јули 2023 година – документ кој беше основа за прекинување на претходниот штрајк.

Посебно остро реагираат на неодамна објавениот оглас за вработување, оценувајќи дека тој не одговара на реалните и итни потреби на компанијата. Наместо тоа, ССКЛМ предлага внатрешна реорганизација: интерен оглас за постојните вработени, додавање работни задачи на недоволно ангажираните кадри, или рационално прераспределување на персоналот.

Контролорите на летање алармираат и за критичната состојба на техничките системи, кои се застарени и секој момент може да откажат. Недостигот од инженери го забавува развојот на проекти, а покрај растечкиот број прелети, новиот систем за контрола на сообраќај сѐ уште не е ставен во функција – иако има потенцијал да го зголеми капацитетот за 50 проценти.

Како дополнителни проблеми се наведуваат: целосен застој на инфраструктурните проекти, отсуство на функционална анализа која треба да обезбеди стабилна организациска поставеност, како и тоа што веќе девет месеци М-НАВ работи без ангажирана агенција за обезбедување – и покрај рекордниот пораст на авионскиот сообраќај.

ССКЛМ порачува дека доколку нема брза и конструктивна реакција од страна на менаџментот, контролорите се подготвени повторно да ја активираат штрајкувачката мерка, што може сериозно да влијае врз воздушниот сообраќај во земјава.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

© 2025. Сите права запазени