МАКЕДОНИЈА

Комисијата: Говорот на омраза кон Бугарите на Фејсбук е етничка дискриминација

19 јуни 2025

• од Станча Јаќимовски

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација утврди случај на интерсекциска дискриминација врз основа на етничка и национална припадност, насочена кон граѓани на Северна Македонија кои се идентификуваат со бугарска национална самосвест. Станува збор за објава на социјалната мрежа Фејсбук, објавена на 16 септември 2024 година, која дополнително била споделена и од официјалниот профил на бугарскиот амбасадор во земјата.

Во спорната објава се содржеле навредливи и стереотипизирачки изрази како „второсортни Бугари“ и „бугарски жени со комунистичко минато“, за кои Комисијата оцени дека не само што се деградирачки и омаловажувачки, туку и ја поттикнуваат омразата и нетрпеливоста во општеството. Според мислењето на Комисијата, ваквите изрази придонесуваат кон создавање на непријателска, понижувачка и дискриминаторска средина за граѓаните со бугарска национална припадност.

Комисијата препорача објавата да биде избришана во рок од 30 дена од приемот на мислењето и сторителот јавно да се извини за навредливата содржина. Дополнително, институцијата упати апел до медиумите, јавните личности и граѓаните да се воздржат од слични навреди и стереотипи кои можат да резултираат со етничка дискриминација и кршење на човековите права.

Ова не е првпат Комисијата да утврди дискриминација врз основа на бугарска национална самосвест. Институцијата потсетува дека ваквите повторувачки случаи го продлабочуваат процесот на стигматизација и можат да доведат до сериозни последици по социјалната кохезија и човековите слободи во државата.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

© 2025. Сите права запазени